Your cart is currently empty!
Постои продуктивност до вистинскиот мирис

Денес постојат многу различни начини да се пласираат производи и услуги до просечниот потрошувач. Привлекувањето на интересите е само една стратегија кога станува збор за успешно брендирање. Амбиенталниот мирис е стратегија која може да биде исклучително продуктивна за хотелите, малопродажните салони, продавниците и разни комерцијални бизниси. Ова е процес на ширење на пријатен мирис кој се поврзува со амбиентот на одредена локација или бренд.
Некои синџири продавници и хотели користат амбиентален мирис за да привлечат одредена публика или тип на клиенти. Овој пристап на мирисниот маректинг често се поврзува со целниот пазар и работи на негово привлекување. Тие се запознаваат со амбиентот на брендот делумно поради мирисот поврзан за него. Нашите решенија се ефективни во секој комерцијален или деловен простор за постигнување на целите за брендирање.
Многу индустриски експерти, кои ја разбираат продуктивноста на мирисниот маркетинг, ги промовираат неговите придобивки. Ова е начин за компанија, коорпорација, па дури и мал бизнис да извлече повеќе преку користењето на пријатен мирис. Тоа е стратегија која го користи сетилото за мирис и создава препознатлива арома. Употребата на професионалните мирисни решенија е начин да се воспостави свесност за брендот и да се прошири севкупниот дофат на компанијата.
Воспоставување на силен идентитет
Не мора да поседувате голем трговски ланец за да имате корист од професионалните мирисни решенија. Нашиот процес е корисен кога станува збор за воспоставување на одличен идентитет во вашата област, индустрија. Салоните за автомобили, деловните згради, продавниците за мебел можат да го користат сетилото за мирис во нивните маркетинг стратегии. Мирисот во малопродажните продавници, на пример, е нешто што новите и повратните клиенти го очекуваат. Тогаш, мирисот е продуктивен дел од идентитетот на брендирањето.
Создавање на задоволство кај клиентите
Не е важно дали продуктивноста е остварена преку мирис на казино или мирис на малопродажна продавница. Крајната цел е да се создаде околина во која клиентите се задоволни. Има повеќе во овој процес отколку едноставно обезбедување на добра услуга за клиентите. Клиентите се сеќаваат на нивното искуство, што е уште една причина зошто амбиенталните мириси се корисни. Врвните хотели, национални и меѓународни, открија зошто нашите решенија ги подобруваат сликите на брендот, продажбата и задоволството на клиентите.
Подобрување на ставовите на посетителите
Истражувањата покажаа дека постои врска помеѓу ставовите на луѓето и позитивните мириси. Според State Industrial, пријатните мириси имаат способност да влијаат на среќата и однесувањето. Употребата на нашите решенија за мирис помага да се воспостават односи со вашите посетители и клиенти. Ова е исто така добар начин да ги размрдате операциите во малопродажната околина. Вистинскиот мирис може да биде ефективен бидејќи се однесува на зајакнување на кој било бренд.
Искористување на науката за мириси
Всушност, постојат научни податоци поврзани со маркетингот на мириси за бизниси и компании. Fortune, еден популарен извор, наведува дека самиот мирис може да ги промени нашите искуства. Ова е поврзано со тоа како клиентите не гледаат едноставно на нивната локација. Напорите за мириси играат улога во тоа како производите и услугите се гледани. Продажбата и популарноста може значително да се подобрат преку употребата на нашите решенија во оваа област. Науката позади мирисите и аромите покажува дека доколку нешто мириса добро, ние сме инспирирани да го купиме и да го правиме тоа почесто. Дури и мирисите во казината можат да дејствуваат на овој начин во однос на играчите и посетителите.
Усогласување со декорацијата на брендот
Менаџерите за малопродажба, сопствениците на продавници и директорите за маркетинг бараат начини како да се пласираат директно пред нивната идна публика. Ова е полесно да се направи кога оваа публика доаѓа да ја посети вашата физичка локација. Со мирисните решенија, може да се привлече личност преку пријатна арома. Многу брендови користат и визуелна привлечност за да се усогласат со мирисот. Овие стануваат стратешки дел од она по што брендот е познат и со што се поврзува.
Може да ги користите нашите мирисни раствори за директно да комуницирате со вашите клиенти. Пркеу правилниот избор на мирис, можно е да влијаете на нивните емоции. Ова е продуктивен начин за започнување на маркетинг кампањи на лице место и за воспоставување на однос со посетителите. Оние кои ќе дојдат до вашата физичка локација, продавница или канцеларија, ќе го поврзат вашиот препознатлив мирис со она што им го обезбедувате. Многу лидери на компании сметаат дека овој тип на маркетинг пристап е долгорочна инвестиција во нивниот успех денес, и во иднина.
Побарајте ја вашата демонстрација денес и започнете маркетинг стратегија која создава вистинска врска. Можеме да ви помогнеме да го оптимизирате вистинскиот мирис за позитивно да влијае на вашиот бренд и бизинс. Во исто време, ќе го прилагодите вашиот идентитет на уникатен и продуктивен начин.
Leave a Reply