Your cart is currently empty!
Category: Uncategorized
-
Hello world!
Welcome to WordPress. This is your first post. Edit or delete it, then start writing!
-

Професионални мирисни решенија за сите видови на бизниси
Без разлика колку интуитивен или добро обучен е вашиот тим за услуги на клиенти, пред да започне услугата, мирисот ја поставува сцената. Тие неколку моменти се од витално значење за олеснување на продажбата и поставување на конекциите, па кога вашите клиенти ќе го земат првиот здив во продавницата, канцеларијата или изложбениот салон, погрижете се да е здив кој ќе работи за вас преку користење на професионални мирисни решенија. Нивните први впечатоци ќе бидат остварени пред да се изговори еден збор, пред да се прочитаат сигналите, и дури пред да добијат шанса да разгледаат наоколу – тоа е мирис, а исто така е суптилно насочување кон вистинската насока.
Носот го познава квалитетниот мирис
Повеќето мириси „купени во продавница“ ја губат својата јачина поради едноставна причина: тие се масовно произведени. Таа конкретна мешавина на „цветови“ или „свеж лен“ може да биде искористена насекаде, дури и од вашата конкуренција, или на локација која вашиот клиент ја поврзува со непријатни чувства. Кога не користите наменски мирис за вашиот бизнис, оставате премногу простор за поврзаност – и квалитет – на случајноста. Дури и ако се предомислите откако ќе ги пробате, мирисите со низок квалитет имаат вознемирувачка тенденција да се задржат, како во вашата продавница или канцеларија, така и на вашите производи. Тоа што мириса убаво во мали дози, може да се смета за претерано или премногу слабо кога е изложено на надворешни промени, како што е директна сончева светлина, топлина, или комерцијално движење на воздухот.
Блиски и лични мирисни решенија
Рачните спрејови, вазните со трски и другите опции на мириси на потрошувачко ниво имаат едно нешто заедничко: тие обично се направени за помала таргет-област. Не само што вообичаената употреба на овие продукти предизвикува ризик од остатоци и долготрајни мириси, мирисните продукти како вазните со трски може да се превртат, да направат неред и да ги оштетат производите во близина. Професионалните мирисни решенија земаат предвид важни фактори како што се големината на просторијата, обемот на посетители, висината на таванот, обемот на производите и многу повеќе. Откако ќе соработувате со мирисните професионалци во SCENTLINQpro, можете да бидете сигурни дека вашиот систем им дава амбиентално мирисно искуство на вашите клиенти, кое е во одлична рамнотежа со вашиот бизнис, конкретно. Ние разбираме дека не постои „една верзија која одговара за секој“ пристап кон вашиот бизнис, и ние ќе работиме со вас за да создадеме профил на амбиентален мирис кој е исто толку уникатен и пријателски како што сте и вие.
Без хаос, Без стрес: успех
Професионалните мирисни апликации за бизниси ги отстрануваат сомнежите во создавањето на познато, врвно искуство за вашите клиенти, дури и на многу различни локации. Со системи кои се направени за да работат во различни инфраструктури – самостојни мирисни системи, наспрема централно поврзаните HVAC системи, лесно е да се стандардизира амбиенталното брендирање. Во SCENTLINQpro, ние разбираме дека воспоставувањето на врвно, познато искуство со клиентот е од суштинско значење за синџирите на хотели, бањите и другите индустрии насочени кон клиентите, и ние сме спремни да соработуваме со вас за да го реализираме тоа. Во пејсаж управуван од потрошувачите, каде што рецензиите можат да ги доведат локалите до успех, возбудени сме да соработуваме со вас за да поставиме врвно амбиентално мирисно искуство на повеќе локации.
Премиум производи за премиум резултати
Вие се стремите да им го обезбедите најдоброто на вашите клиенти: тоа значи дека, зад сцената, вие го заслужувате најдоброто за возврат. Горди сме да соработуваме со мирисните капацитети на GIVAUDAN за да им понудиме широк асортиман на мириси и мешавини на нашите клиенти, како и најсовремени амбиентални мирисни системи кои помагаат да го покренете и нагласите искуството на вашите корисници. Нашиот теренски тим е подготвен да ве води до идеалниот амбиентален мирис за вашата канцеларија, изложбен салон или продавница; мирис кој се усогласува не само со вашата индустрија, но и со вашиот бренд.
Дали сте подготвени за малку свеж воздух што кажува многу на секој клиент кој ќе влезе низ вашите врати? Контактирајте со SCENTLINQpro денес за да го започнетe патувањето кон креирање на вашиот амбиентален мирис.
-

Како мирисниот маркетинг може да го промени вашиот бизнис
Луѓето начесто пазаруваат со нивните сетила. Тие го гледаат пакувањето и продуктот. Доколу производот е наменет да биде мек, како на пример ќебе, тие го користат своето сетило за допир. Сетилото за мирис исто така има огромна улога во начинот на кој клиентот пазарува. Замислете си како влегувате во мала продавница која продава козметика и не мириса на парфем. Верувале или не, ова е маркетинг стратегија. И таа не функционира само за места кои продаваат парфеми или колонска вода.
Како функционира мирисниот маркетинг
Замислете како влегувате во пекара. Иако пецивата не се печат само поради мирисниот маркетинг, мирисот на свежо печени колачиња и леб ги интригира луѓето да сакаат да купат. Агентите за недвижности користат мирис кога претставуваат дом. Ова се само некои примери. Има причина зошто ова работи.
Позитивниот мирис ги стимулира сетилата на една личност. Кога мирисот е пријатен, тој помага да се создаде целокупно позитивно искуство за потрошувачот. Доколку потрошувачот прв пат го посетува вашиот локал, мирисот ќе има силно влијание врз чувствата на клиентот кон вашиот бизнис. Откако потрошувачот ќе стане редовен, тој автоматски го очекува тој мирис кога ќе помине низ вашата врата. Со текот на времето, тој мирис може да стане симбол кој го поврзуваат со вашата компанија. Целта на мирисниот маркетинг е да го зајакне искуството на потрошувачот, што може да доведе до поттикнување на продажбата.
Една компанија можеби ќе сака да создаде амбиент или тема со мирисите кои ги користи. На пример, дали некогаш сте поминале покрај кафуле и сте почувствувале арома на зрна на кафе, јавор или друг пријатен мирис? Или пак покрај бања? Дали сте забележале мирис на есенцијални масла, како лаванда или нане? Овие мириси се познати по тоа што смируваат.
Некои компании можеби користат дифузери за распространување на мирис. Дифузерите создаваат блага арома во воздухот, која предизвикува чувство на смиреност и среќа кај клиентите. Овие мириси може да бидат мириси на ванила или лаванда.
Еден бизнис може да користи специфичен мирис во различни делови од неговата проданица. Ова му овозможува на секој клиент што ќе влезе да го помириса и да направи врска помеѓу мирисот и бизнисот.
Ефектот на мирисот врз мозокот
Главниот концепт на мирисниот маркетинг се однесува на тоа како мозокот ги препознава и чувствува дразбите. Кога се вклучени повеќе сетила, клиентот полесно создава и ја задржува меморијата за одредена локација. Мирисањето на тој мирис надвор од бизнисот или при поминување покрај бизнисот подоцна ќе предизвика лицето повторно да се сети на таа меморија.
Стимулирањето на едно или повеќе сетила му помага на бизнисот да се поврзе на емоционално ниво со клиентите. А ова е особено случај со мирисот. Лимбичкиот систем на левата страна од вашиот мозок го обработува мирисот. Тој е одговорен за контролирање на емоциите и обработка на мирисот. Ова значи дека постои директна врска помеѓу емотивната врска и мирисот. Интересно е што мирисот е најсилното од вашите сетила и има најголема врска со меморијата.
Придобивки
Можете да ја зголемите продажбата кога воспоставувате емотивна врска со клиентите, како што правите со маркетингот со мириси. Мирисот може дури и да ја зголеми подготвеноста на лицето да плати повеќе за бренд. Кога просторот има мирис, клиентите го поврзуваат со повисок квалитет. Може да забележите и дека луѓето остануваат подолго во вашата продавница кога има пријатен мирис.
Користете го маркетингот за мириси за да го зголемите расположението на клиентите. И запомнете, среќниот клиент е поверојатно да потроши пари во вашата продавница.
Мирисот на вашата продавница станува дел од суштината на вашиот бизнис. Станува витален аспект на препознавањето на брендот и ги додава првите впечатоци на клиентите за вас
Докази
Пријатната арома може потенцијално да ја зголеми сумата која клиентите ја плаќаат за 20%, како што е забележано во студијата објавена од Државниот универзитет во Вашингтон.
In one study published in the International Journal of Marketing Studies, Во една студија објавена во International Journal of Marketing Studies, амбиенталниот мирис во продавницата на Nike ја подобрила пријатноста на пазарувањето како и целокупната перцепција за продавницата.
Истражувањето на пазарот извршено од Samsung покажа дека потрошувачот го потценува времето на прелистување за 26% кога е изложен на пријатна арома. Овие лица посетувале три пати повеќе делови од продавницата во однос на оние кои не биле изложени на привлечен мирис.
ScentlinqPro ја разбира силната врска помеѓу мирисот и маркетингот. Ние сме експерти и можеме да помогнеме да се создаде мирис за вашиот бизнис што ќе ја зголеми продажбата и ќе го направи купувањето со вас подобро искуство во целост.
Цитати:
https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/33329267/
https://www.scientificamerican.com/article/do-scents-affect-peoples/
-

Амбиентални мирисни решенија за бизниси
Кога и да е потребна удобност, фокус или релаксација во нашиот секојдневен живот, безвременскиот совет е секогаш ист: вдишете длабоко. Тоа покажува колку е важен мирисот за перцепцијата и затоа амбиенталниот мирис станува задолжителна карактеристика за најголемите имиња во модерниот бизнис.
Мирисни услуги за бизниси
Нашето сетило за мирис е природно поврзано со тоа како ги перцепираме локациите, искуствата и многу повеќе. На пример, носталгичен мирис може веднаш да предизвика пријатно сеќавање, а суптилен, елегантен мирис може да даде тон за врвно шопинг искуство. Оваа релација означува дека доколку уживаме во мирисот или го поврземе со позитивен исход, таа перцепција ќе остане со нас долго откако ќе ја напуштиме канцеларијата или продавницата. Мирисните решенија водат до овој моќен резултат и му помагаат на вашиот бренд да се издигне себеси во умот на вашите клиенти и потрошувачи.
Со користење на интегриран систем за мирис, секој посетител е потсвесно добредојден на ист начин и воведен со позитивен впечаток. Истиот тој мирис, доколку се користи подолго време, продолжува да создава позитивни впечатоци и дури може да биде користен на различни бизнис локации за да го стандардизира искуството. Вашиот избран мирис пренесува тивка порака до вашите клиенти – вие сте на познато место со производи на кои им верувате и во кои уживате.
Зошто мирисните решенија се подобри
Амбиенталниот мирис е темелно различен од продуктите како освежувачите на воздух со спреј, кои често имаат агресивни или непријатни профили на мирис. Наместо тоа, производите и системите на амбиенталниот мирис се наменети да бидат суптилни и привлечни, формулирани да бидат пријатни и лесни наместо да бидат преоптоварувачки. Дополнително, мирисите и мешавините кои се користат се со врвен квалитет, квалитет кој зборува на – и привлекува! – повисока класа на потрошувачи.
Исто како и артиклите на гурманската храна и дизајнерските парфеми, кои мирисаат поинаку од нивните евтини колеги, ароматичните решенија се во своја класа. Направени за нежно да го поттикнат луксузното чувство на хотелското лоби, или големата презентација на малопродажниот салон, тие ги примамуваат сетилата и предизвикуваат позитивно размислување кај вашите потенцијални клиенти.
Мирисот на успехот
Со толку многу визуелни и аудио-базирани реклами насекаде околу нас, може да биде тешко да се истакнете и да допрете до вашите клиенти, дури и во вашата продавница или канцеларија. Амбиенталните мириси нудат поинаква маркетинг стратегија, овозможувајќи ви да го извлечете максимумот со уште помали изложбени површини или салони.
- Сакате да поттикнете клиент за плочки или кабинети да ги замисли вашите производи во нивната кујна? Сè започнува со мирисот.
- Сакате гостите на вашиот хотел да ги сметаат своите соби како луксузни, дури и пред да ги добијат клучевите? Нежниот мирис го започнува нивниот престој со правилна нота.
- Ви треба вашите модни производи за малопродажба да имаат конкурентна предност? Познатиот, смирувачки мирис ви го предава водството.
- Дали обезбедувата премиум услуга? Поставете го тонот со вистинскиот амбиентален мирис за полесно и побрзо да обезбедите нови клиенти.
Тајното оружје на модерниот маркетинг, амбиенталните мирисни решенија го истакнуваат вашиот продажен терен уште пред да кажете и еден збор. Покрај Fortune 500 кои ја искористија оваа паметна технологија, таа е вистинскиот потег што ќе ги натера вашите клиенти постојано да се враќаат барајќи повеќе.
-

Како вашето сетило за мирис може да ја промени перцепцијата за квалитетот?
Од сите наши сетила, мирисот е најчесто најпотценет, но сепак има огромно влијание врз тоа како ние го гледаме светот околу нас. Вистинскиот мирис може да го издигне обичниот простор и да го претвори во простор кој се доживува како луксузен и врвен. Од другата страна, погрешниот мирис може веднаш да создаде лош впечаток и да предизвика клиентите да го напуштат вашиот бизнис уште пред да имаат можност да пазаруваат. Употребата на амбиенталниот мирис во малопродажните простори е критичен елемент кој многу бизниси го користат за да останат конкуренти во жестокиот свет каде што постојано се предизвикувани од онлајн продажбите.
Како бизнисите ги користат мирисите за да ја зголемат продажбата?
Нашето сетило за мирис е суштински поврзано со меморијата и емоциите. Кога ќе вдишеме некој мирис, тој поминува низ нашиот олфакторен систем. Овој систем се поврзува и со амигдалата, која помага во процесирањето на емоциите, и со хипокампусот, кој помага да се претворат краткорочните сеќавања во долгорочни. Затоа мирисите од нашето детство можат да предизвикаат толку силни чувства дури и децении откако последен пат биле доживеани. Мирисниот маркетинг долго време се користи за да се искористат овие чувства, поради што многу агенти за недвижнини предлагаат да го исполните вашиот дом со топли и примамливи мириси пред отворена изложба на вашата куќа; тоа е лесен и ефективен начин да создадете чувство на удобност за потенцијалните купувачи бидејќи потсвесно ги примамувате да се присетат на својот дом од детството.
Мирисот е распространет во многу други индустрии, вклучувајќи хотели, здравствени установи, па дури и авиокомпании. Додека клиентите го вдишуваат мирисот, тие создаваат суптилна врска со нивниот бренд користејќи го мирисот како нивната точка на влез. Од таа точка па натаму, купувачите секогаш ги поврзуваат одредени емоции со одредени компании, зајакнувајќи го брендот и влевајќи блискост и доверба. И сè што е потребно е да се избере вистинскиот мирис.
Како може професионалниот мирис да му помогне на мојот бизнис?
Размислете колку труд имате вложено за да им овозможите на вашите клиенти позитивно искуство во вашиот бизнис или изложбен салон. Сте создале привлечни дизајни кои ги примамуваат клиентите да оформат интеракција со вашиот бизнис. Сте избрале музика која ќе ги држи будни и присутни. Можеби сте ставиле дури и освежителни пијалоци за да ги поттикнете да поминат повеќе време истражувајќи ги вашите понуди.
Едно клучно парче на кое многу бизниси забораваат е мирисот. Користењето на амбиенталниот мирис може да ги зголеми продажбите за 60%, при што просечниот клиент троши од 3% до 23% повеќе отколку што би трошеле инаку. Слично на тоа, многу студии покажуваат дека клиентите поминуваат подолго време во просториите на одреден бизнис отколку што тие сметаат дека поминале. Едноставно кажано, избирањето на правилниот мирис за вашиот бизнис може да има директно влијание врз вашата крајна цел. Не само што имате поголема веројатност да ја зголемите продажбата во моментот, туку негувате врвно искуство што ќе ги натера вашите клиенти да се вратат за повеќе.
Каков вид на мириси ги тераат луѓето да купуваат повеќе?

Има многу истражувања во однос на тоа како мирисот може да ги промени вашите емоции и однесување. Истражувачите покажуваат дека топли мириси, како килибарот и ванилата, не само што водат до подолг престој на клиентите, но можат да направат и вашите производи да изгледаат поскапи и поквалитетни. Кога користите професионални мириси, клиентите се подготвени да платат 5% до 10% повеќе за производот отколку во продавница без мирис. Покрај тоа, топлите мириси создаваат толку силно чувство на удобност, што може да доведе до промена на вашата перцепција во однос на тоа колку продавницата е преполна со луѓе. Доколку клиентите се чувствуваат како да се натпреваруваат за простор со другите, тие ќе се обидат да се претстават како помоќни со купување на луксузни производи. Ова е моќна тактика која секој бизнис може да ја спроведе за да има директно влијание врз однесувањето на нивните клиенти.
Има толку многу предности во создавање на сопствена мирисна маркетинг програма за вашиот бизнис. Тоа додава уште еден аспект на целокупното пазарно искуство што ќе резонира кај вашите клиенти на длабоко емотивно ниво, што е придобивка која тешко ќе ја најдете кај било која друга продажна тактика. Ќе го издигне вашиот простор така што ќе се чувствува раскошно, што ќе придонесе вашиот бренд да се поврзува со квалитет. Клиентите ќе бидат во искушение да останат подолго и да се расфрлат повеќе, притоа ќе ја зацврстите вашата компанија во нивните умови така што употребата на амбиенталните мириси ќе го складира ова искуство во нивната долгорочна меморија. Сето тоа придонесува за поголема продажба и континуирани купувања низ годините кои доаѓаат.
-

Што има во мирисот? Како ви звучи среќни потрошувачи?
Размислете за последниот пат кога сте прошетале во продавница. Се сеќавате ли на мирисот што се ширеше низ воздухот? Можеби не се сеќавате на тој детал, но можеби сте се излегле со повеќе производи отколку што сте планирале да купите, едноставно затоа што сопственикот на продавницата користел ефективна маркетинг стратегија: мирис на околината.
Научните студии докажаа дека луѓето кои се наоѓаат во привлечен малопродажен простор и мирисаат привлечен мирис (како цимет или ванила), поминуваат повеќе време на тоа место. Тие исто така трошат повеќе пари, а тоа е одлична вест за вашата каса.
Научниците и истражувачите секој ден учат повеќе за тоа како емоциите и однесувањето на луѓето се под влијание на мирисите. Во 2004 година, американските научници Ричард Аксел и Линда Бак ја добија Нобеловата награда за нивните студии за сетилото за мирис кај луѓето и како мирисите се обработуваат од нас на молекуларно ниво. Тие заклучија дека нашата способност да мирисаме влијае на квалитетот на нашиот живот.
Едноставноста победува во текот на денот
Меѓутоа, не секој амбиентален мирис ќе ги поттикне клиентите да се чувствуваат посреќни и да купат повеќе. Едноставните ароми се поуспешни во суптилно промовирање на трошењето отколку сложените мириси. Студијата од 2012 година, спроведена и од Државниот универзитет во Вашингтон и од Универзитетот St. Gallen (Швајцарија) го анализираше однесувањето на 400 купувачи во продавница за домаќински украси во период од 18 дена. Клиентите несвесно беа изложени на едно од трите амбиентални олфакторни сценарија: без мирис, едноставен мирис (портокал) и сложен мирис (мешавина од портокал, босилек и зелен чај). Научниците потоа воделе евиденција за пазарните навики на тие луѓе.
Според студијата објавена во списанието за малопродажба, едноставните мириси во воздухот ги натерале купувачите да се чувствуваат добро, но сложените мириси кои можеби се перцепираат луто – повеќе го одвлекувале вниманието. Купувачите кои го почувствувале едноставниот мирис на портокал трошеле во просек околу 20% повеќе од оние кои вдишувале покомплексен мирис или воопшто немале мирис. Ова е корисна студија за сопствениците на малопродажните продавници кои бараат начини да ги инспирираат клиентите да купат повеќе.
Мириси, емоции и трошење
Знаеме дека мирисите предизвикуваат потсвесни, емоционални реакции и имаме тенденција да купуваме со срцето наместо со главата. Купувањето е она што прави многу луѓе да се чувствуваат среќни – тоа е нашата „малопродажна терапија“. Чувствувањето на тие емоции преку амбиенталниот мирис може да ги поттикне луѓето да се чувствуваат попозитивно кон вашиот малопродажен простор и квалитетот на артиклите во тој простор.
Една студија за амбиенталниот мирис се фокусираше на просторните перцепции – како клиентите го доживуваат просторот околу нив во продавница/бизнис во зависност од видот на амбиенталниот мирис во таа средина. Студијата наречена „Кладиот мирис на моќта: Ефектите на амбиенталниот мирис врз преференциите на потрошувачите и однесувањето за избор“ (“The Cool Scent of Power: Effects of Ambient Scent on Consumer Preferences and Choice Behavior“), е детално објавено во Журналот за маркетинг, научно списание за истражување на пазарот со рецензија објавено од Американската асоцијација за маркетинг.
Истражувачите ги следеле резултатите од експериментите во лабораториите и во продавниците, и заклучиле дека кога луѓето се во средина распространета со она што се смета за „топол мирис“ како цимет или ванила, тие трошат повеќе пари отколку кога се во средини со „студени мириси“ како пеперминт.
Интересно е што оваа студија исто така откри дека „топлите мириси на околината“ резултираат со тоа што луѓето сфаќаат дека просторот околу нив е поисполнет. Ова чувство на „социјално погуста“ атмосфера ги тера луѓето да сакаат да купуваат повеќе производи. Луѓето имаат тенденција да се чувствуваат помалку моќни во толпата, и тие сакаат да го вратат тоа чувство на моќ со купување на предмети.
Кој е совршениот мирис за вашиот бизнис?
Преку студии како овие, истражувачите можат подобро да ги категоризираат мирисите врз основа на тоа какви емоции тие предизвикуваат – засилени, носталгични, романтични, опуштени или самоуверени.
На пример, мирисите на цитрус, босилек, лаванда и цимет се релаксирачки мириси, додека рузмарин, мајчина душица и нане се заживувачки. Мирисот на роза се усогласува со среќата и позитивните емоции, додека кардамонот, сладунецот, чоколадото и ѓумбирот предизвикуваат романтични емоции. Овошните мириси носат среќно чувство како лето, а мирисите на памук и лен им помагаат на купувачите да замислат чистота и пролет. Кожата предизвикува чувство на раскош, помагајќи му на потрошувачот да се идентификува со купување на луксузен предмет, додека дрвото буди мисли за земјата и солидните вредности во производите.
Сопствениците на бизниси, исто така, можат да ја искористат моќта на амбиенталните мириси за да создадат чувство на поголем простор во продавницата – или попријатен. Лесните, ветровити мириси како зелено јаболко, цитрус или краставица можат да помогнат вашиот простор да се чувствува поголем, додека дрвенести, слатки или зачинети мириси можат да направат просторот да се чувствува помал и поинтимен.
Знаењата и истражувањата за амбиенталните мириси се моќни алатки кои им помагаат на сопствениците на бизниси да ја прилагодат својата стратегија за маркетинг на мириси за да ги задоволат нивните специфични потреби и да создадат поудобно, продуктивно искуство за купување. Специфичниот мирис – топол или ладен, едноставен или сложен, жив или смирувачки – што го ширите во вашиот деловен простор може да ги инспирира вашите клиенти да се чувствуваат посреќни и попозитивни.
Потпрете се на експертизата на SCENT::LINQ, за да ви помогне да го пронајдете совршениот мирис кој ќе ги пробуди емоциите на вашите клиенти и ќе им остави привлечен прв впечаток за вашиот бизнис и неговите производи, што ќе резултира со поголема продажба. Сите наши формулации ги исполнуваат и надминуваат регулаторните барања (Посебно ЕУ и САД) и безбедноста на мирисот.
SCENT::LINQ е една од водечките компании за мириси во светот со дизајни на мириси со врвен квалитет, стручно обезбедувајќи комплетни решенија за мириси за вас. Контактирајте со нас за да го започнете вашето маркетиншко патување за мирис, правејќи ја вистинската врска и оптимизирајќи го совршениот мирис за да ги подобрите вашите внатрешни простори.
-

Постои продуктивност до вистинскиот мирис
Денес постојат многу различни начини да се пласираат производи и услуги до просечниот потрошувач. Привлекувањето на интересите е само една стратегија кога станува збор за успешно брендирање. Амбиенталниот мирис е стратегија која може да биде исклучително продуктивна за хотелите, малопродажните салони, продавниците и разни комерцијални бизниси. Ова е процес на ширење на пријатен мирис кој се поврзува со амбиентот на одредена локација или бренд.
Некои синџири продавници и хотели користат амбиентален мирис за да привлечат одредена публика или тип на клиенти. Овој пристап на мирисниот маректинг често се поврзува со целниот пазар и работи на негово привлекување. Тие се запознаваат со амбиентот на брендот делумно поради мирисот поврзан за него. Нашите решенија се ефективни во секој комерцијален или деловен простор за постигнување на целите за брендирање.
Многу индустриски експерти, кои ја разбираат продуктивноста на мирисниот маркетинг, ги промовираат неговите придобивки. Ова е начин за компанија, коорпорација, па дури и мал бизнис да извлече повеќе преку користењето на пријатен мирис. Тоа е стратегија која го користи сетилото за мирис и создава препознатлива арома. Употребата на професионалните мирисни решенија е начин да се воспостави свесност за брендот и да се прошири севкупниот дофат на компанијата.
Воспоставување на силен идентитет
Не мора да поседувате голем трговски ланец за да имате корист од професионалните мирисни решенија. Нашиот процес е корисен кога станува збор за воспоставување на одличен идентитет во вашата област, индустрија. Салоните за автомобили, деловните згради, продавниците за мебел можат да го користат сетилото за мирис во нивните маркетинг стратегии. Мирисот во малопродажните продавници, на пример, е нешто што новите и повратните клиенти го очекуваат. Тогаш, мирисот е продуктивен дел од идентитетот на брендирањето.
Создавање на задоволство кај клиентите
Не е важно дали продуктивноста е остварена преку мирис на казино или мирис на малопродажна продавница. Крајната цел е да се создаде околина во која клиентите се задоволни. Има повеќе во овој процес отколку едноставно обезбедување на добра услуга за клиентите. Клиентите се сеќаваат на нивното искуство, што е уште една причина зошто амбиенталните мириси се корисни. Врвните хотели, национални и меѓународни, открија зошто нашите решенија ги подобруваат сликите на брендот, продажбата и задоволството на клиентите.
Подобрување на ставовите на посетителите
Истражувањата покажаа дека постои врска помеѓу ставовите на луѓето и позитивните мириси. Според State Industrial, пријатните мириси имаат способност да влијаат на среќата и однесувањето. Употребата на нашите решенија за мирис помага да се воспостават односи со вашите посетители и клиенти. Ова е исто така добар начин да ги размрдате операциите во малопродажната околина. Вистинскиот мирис може да биде ефективен бидејќи се однесува на зајакнување на кој било бренд.
Искористување на науката за мириси
Всушност, постојат научни податоци поврзани со маркетингот на мириси за бизниси и компании. Fortune, еден популарен извор, наведува дека самиот мирис може да ги промени нашите искуства. Ова е поврзано со тоа како клиентите не гледаат едноставно на нивната локација. Напорите за мириси играат улога во тоа како производите и услугите се гледани. Продажбата и популарноста може значително да се подобрат преку употребата на нашите решенија во оваа област. Науката позади мирисите и аромите покажува дека доколку нешто мириса добро, ние сме инспирирани да го купиме и да го правиме тоа почесто. Дури и мирисите во казината можат да дејствуваат на овој начин во однос на играчите и посетителите.
Усогласување со декорацијата на брендот
Менаџерите за малопродажба, сопствениците на продавници и директорите за маркетинг бараат начини како да се пласираат директно пред нивната идна публика. Ова е полесно да се направи кога оваа публика доаѓа да ја посети вашата физичка локација. Со мирисните решенија, може да се привлече личност преку пријатна арома. Многу брендови користат и визуелна привлечност за да се усогласат со мирисот. Овие стануваат стратешки дел од она по што брендот е познат и со што се поврзува.
Може да ги користите нашите мирисни раствори за директно да комуницирате со вашите клиенти. Пркеу правилниот избор на мирис, можно е да влијаете на нивните емоции. Ова е продуктивен начин за започнување на маркетинг кампањи на лице место и за воспоставување на однос со посетителите. Оние кои ќе дојдат до вашата физичка локација, продавница или канцеларија, ќе го поврзат вашиот препознатлив мирис со она што им го обезбедувате. Многу лидери на компании сметаат дека овој тип на маркетинг пристап е долгорочна инвестиција во нивниот успех денес, и во иднина.
Побарајте ја вашата демонстрација денес и започнете маркетинг стратегија која создава вистинска врска. Можеме да ви помогнеме да го оптимизирате вистинскиот мирис за позитивно да влијае на вашиот бренд и бизинс. Во исто време, ќе го прилагодите вашиот идентитет на уникатен и продуктивен начин.
-

Амбиенталниот мирис и однесувањето на потрошувачите
Научните истражувања покажаа дека сетилото за мирис на човекот е најмоќното од петте сетила, способно да ја поттикне меморијата и да предизвика повеќе емоции од кое било друго сетило што го имаат луѓето. Истражувањата покажаа дека луѓето имаат способност да детектираат повеќе од еден милион различни видови мириси. Се разбира, некои од овие мириси се исклучително пријатни, некои…не толку.
Што значи ова за вас и вашиот бизнис? Има високи шанси дека вие не сте го искористиле амбиенталниот мирис адекватно, не сте ги употребиле мирисите како начин да го привлечете вниманието на вашите клиенти. Навистина, постои широк спектар на начини на кои можете да го искористите сетилото за мирис на човекот за подобро да ги пласирате вашите производи. Еве како може да го направите тоа.
Зошто е вашето сетило за мирис толку моќно?
Кога има мирис во воздухот, тој патува низ олфакторниот тракт во вашиот нос и оди директно до кортикалниот дел од вашиот мозок. На овој начин, мирисите реагираат директно со вашите емоции без никаква директна интеракција со другите делови од вашиот мозок кои ги обработуваат емоциите. Како такви, вашиот мозок и размислување се под влијание на мирисите без воопшто да сте свесни за тоа.
Ова помага при објаснување зошто мирисот може да биде толку моќен емоционален и сензорен активатор: допира длабоко во вдлабнатините на вашиот мозок без дури и најмала свесна мисла.
Како да ги користие мирисите при маркетинг
Кога станува збор за користење на мириси за да се допре до клиентите, најдоброто нешто што можете да го направите е да го искористите мирисот за да создадете позитивна емоционална врска со клиентот. На крајот на краиштата, зарем сите ние не ги поврзуваме мирисите со некое сеќавање? Или, уште подобро: Дали некогаш сте го имале тоа чувство да помирисате нешто и да го најдете вашиот ум автоматски пренесен во сеќавање за кое не сте ни свесни дека сте го поврзале со тој мирис?
Мирисите може да се користат во маркетингот на многу начини. Прво, важно е да сфатите дека мирисите прават повеќе од само поврзување со нечија меморија. Тие прават некој да се чувствува добро и го подобруваат целокупното расположение. Ова, пак, може да ги промени моделите на трошење. Таквото сознание отстапи место за создавање на сосема нова гранка на маркетингот: амбиентален мирис.
Понекогаш, маркетингот преку одредени мириси е превентивен. Навистина, оваа област за прв пат беше развиена кога хотелите се мачеа да го прикријат мирисот на цигарите оставени зад гостите кои пушат. Сепак, тие брзо дознаа дека не треба само да бидат реактивни кога станува збор за мириси, туку дека можат да бидат проактивни. Како резултат на тоа, мирисот на хотели стана специфична индустрија. Навистина, како што е забележано од Conde Nest Traveler, многу хотели развиле свои „препознатливи мириси“ дизајнирани да го предизвикуваат истото чувство и всушност да го подобрат вашиот бренд. Многу труд се вложува во мирисот на хотели, бидејќи овие мириси се особено важни за мултинационалните синџири како хотелите.
Општо земено, мирисите се дизајнирани врз основа на обемно истражување, физичка посета и фактори специфични за локацијата. Мирисот би требало да биде пријатен и привлечен, но не толку изразен што ќе биде единственото нешто што клиентот ќе го забележи кога ќе влезе во некоја локација.
Повеќе од било што друго, мирисот треба да биде конзистентен за да се создаде позитивна емоционална врска помеѓу мирисот и брендот. Соодветната употреба на овој мирис може да помогне да се предизвика емоционален одговор.
Користењето на мириси за промена на однесувањето
Честопати, мирисите се наменети конкретно да ги зајакнат брендовите со создавање мириси кои се комплементарни за производите на продавницата. Сепак, тоа не мора да биде секогаш така.
Вреди да се напомене дека експертите откриле дека мирисите не мора да создаваат емоционална реакција или врска за да бидат ефективни. Амбиенталниот мирис, кога се користи соодветно, може да ви помогне да ги „извадите“ парите од паричникот на клиентот. Еден начин е користење на мириси за да се пласираат одредени производи: Повеќе студии открија дека полнењето на физичка локација со мирис на производ, како што е кафето, всушност може да ја зголеми продажбата на тој производ. Други мириси може да наведат некој да остане подолго во продавница или да троши повеќе пари. Правилниот мирис дури може да натера некој да помисли дека производот е поквалитетен и како резултат на тоа да биде подготвен да плати повисока цена за одреден производ.
Во оваа смисла, соодветната употреба на мириси и маркетинг е апсолутно извонредна. Мирисите, доколку се искористени правилно, можат да создадат добри спомени и суптилно да влијаат на однесувањето на клиентите.
Професионални мирисни решенија
Идејата зад професионалните решенија за мирис за маркетинг е идеја која би изгледала апсурдна пред неколку години, но таа е област на маркетингот што сега забележува подем.
Ако сте заинтересирани да ги искористите предностите на маркетингот на брендот или сензорниот маркетинг, погрижете се да контактирате со ексклузивниот претставник на SCENTLINQpro во вашиот регион или кликнете овде за да побарате информации сега.
Усогласување со декорацијата на брендот
Менаџерите за малопродажба, сопствениците на продавници и директорите за маркетинг бараат начини да се пласираат директно на нивната идна публика. Ова е полесно да се направи кога оваа публика доаѓа да ја посети вашата физичка локација. Со мирисните решенија, можете да привлечете личност со пријатен мирис. Многу брендови користат и визуелна привлечност за да се усогласат со мирисот. Овие стануваат стратешки дел од она по што брендот е познат и со што се поврзува.
Можете да ги користите нашите решенија за директно да комуницирате со вашите клиенти. Преку правилниот избор на мирис, можете да влијаете на нивните емоции. Ова е продуктивен начин за започнување маркетинг кампањи на лице место и за воспоставување односи со посетителите. Оние кои ќе дојдат до вашата физичка локација, продавница или канцелариска поставка ќе го поврзат вашиот препознатлив мирис со она што го правите или обезбедувате. Многу лидери на компании сметаат дека овој тип на маркетинг пристап е долгорочна инвестиција во нивниот успех сега и во иднина.
Побарајте го вашето демо денес и започнете маркетинг стратегија што создава вистинска врска. Можеме да ви помогнеме да го оптимизирате вистинскиот мирис за позитивно да влијае на вашиот бренд и вашиот бизнис. Во исто време, ќе го прилагодите вашиот идентитет на уникатен и продуктивен начин.
-

Моќта на сетилото за мирис врз човечкото однесување
Печење леб, свежо искосена трева, цветен парфем. Овие мириси многу често се поврзуваат со пријатни мисли за омилената пекара, летно попладне или некој минат љубовник, што нè тера да вдишуваме длабоко додека мирисот ни создава одамна заборавени спомени. Но, зошто се чини дека мирисот предизвикува толку силни емоции?
Мирисите можат да влијаат на нашите работни перформанси, однесување и расположение. Мирисите предизвикуваат одговори поради нашите лични асоцијации со нив. Мирисот има влијание врз нас бидејќи тој мирис го поврзавме со одреден настан. Ова се нарекува асоцијативно учење – еден настан или предмет станува поврзан со друг врз основа на искуствата на поединецот. На пример, имам силен позитивен одговор на мирисот на кокос, бидејќи мојата прва изложеност на силен мирис на кокос беше употребата на крем за сончање со мирис на кокос на одмор на Хаваи. Одморот е пријатен спомен, а мирисот на кокос го поврзувам со тој пријатен спомен иако самиот мирис на кокос е неутрален за другите. Повеќето луѓе не го сакаат мирисот на ѓубриво, но мирисот може да предизвика пријатна носталгија за некој што пораснал на фарма и со задоволство се сеќава на своето детство. Мирисите можат да добијат позитивна или негативна конотација во зависност од поврзаниот настан.
Според Американското здружение за психологија, способноста за откривање хемикалии во околината е заедничка за сите живи суштества. Важноста на сетилото за мирис е комплицирана затоа што ни недостасува јазик за добро да го опишеме. Споредувањето на мирис со друг е речиси единствениот начин да се опише мирисот.
Истражувањата покажаа дека фетусите во утробата кои се изложени на карактеристични мириси ги претпочитаат тие мириси како доенчиња. Тие преференции продолжуваат дури и во зрелоста.
Исто така, компликациите кај чувството за мирис се појавуваат поради фактот што мирисите минуваат низ центрите за меморија и емоции пред да бидат обработени од мозокот. Поврзаните сеќавања и контекст играат клучна улога во перцепцијата. Мирисниот систем е добро прилагоден за асоцијативно учење бидејќи е поврзан со лимбичкиот систем и деловите од мозокот кои ги обработуваат емоциите и промовираат асоцијативно учење. Лимбичкиот систем е група на структури во мозокот кои работат на влијание врз емоциите, расположението, меморијата и однесувањето. Понекогаш се нарекува примитивен дел од мозокот бидејќи истите структури биле пронајдени во мозокот на раните цицачи. Сетилото за мирис е единственото сетило поврзано на овој начин што помага да се објасни зошто мирисите предизвикуваат толку силни емоционални реакции.
Како мирисите влијаат на расположението, па дури и на благосостојбата?
Асоцијативното учење може да направи личноста да претпочита еден мирис пред друг, но може да објасни и како мирисите влијаат на нашето расположение и однесување. Студиите за ефектите на мирисот покажаа дека расположението влијае на нашите размислувања и постапки. Луѓето со позитивно расположение се покреативни од луѓето кои доживуваат негативни емоции. Изложувањето на луѓето на пријатен мирис кој им се допаѓа влијае на нивната способност за креативно решавање на проблемите. Се покажа дека позитивното расположение е поврзано со подобра продуктивност и перформанси. Пријатните мириси го зголемуваат позитивното однесување како што е поефикасно завршување на задачите и помагање на другите. Утврдено е дека изложувањето на пријатни мириси ги подобрува перформансите при сложени или мачни задачи. Од друга страна, изложеноста на непријатни мириси го нарушува расудувањето и ги прави испитаниците помалку трпеливи.
Една неодамнешна студија покажа дека физичкото здравје може да биде под влијание на очекувањата за мирис. Учесниците во студијата со астма беа поделени во две групи кои беа изложени на силен мирис. На половина им било кажано дека аромата може да ги намали нивните симптоми на астма, додека на другата половина им било кажано дека тоа ќе ги влоши. Учесниците кои веруваа дека мирисот ќе им ја влоши астмата, не само што пријавија повеќе непријатност, туку всушност доживеаја поголемо воспаление на белите дробови.
Другите сензорни влезови се поврзани со сетилото за мирис. Влезот од другите сетила може да влијае на тоа како ги перцепираме мирисите. Се покажа дека врската помеѓу видот и мирисот влијае на перцепцијата на мирисите. Мирисањето на миризлив воздух со мирис на масло од роза додека гледате слика од роза ја засилува аромата на розата.
Пазарџиите генерално претпоставуваа дека правењето производи да мирисаат добро за потрошувачот ќе ги поттикне да го купат производот, но истражувањата покажаа колку големо влијание може да има ефектот на мирис.
Студијата „Прустинските производи се претпочитаат: односот помеѓу меморијата предизвикана од мирис и евалуацијата на производот“ (“Proustian Products are Preferred: The Relationship Between Odor-Evoked Memory and Product Evaluation”), ја испитуваше врската помеѓу мирисот на лосион и перцепцијата на клиентите. Резултатите покажаа дека производите со мириси кои предизвикуваат силни емотивни спомени се перципирани како супериорни во однос на истиот производ чиј мирис не предизвикува ист емоционален одговор. Производот што создаде најпозитивни емотивни спомени, потрошувачот го оцени како подобар производ и беше подобро запаметен. Овој мирис не само што може да создаде добри чувства кај потрошувачот, туку може да влијае и на неговото однесување да ги запомни и купи производите кои предизвикуваат најдобри емоции.
Обезбедувањето супериорно искуство на клиентите започнува со создавање емотивна врска со вашите клиенти. Емоционалните врски преку амбиенталниот мирис можат да го поврзат срцето на клиентите со душата на брендот. Амбиенталните мириси се моќен начин да се допре до купувачот преку ефектите на мирисот на емоционално ниво.
-

Сетилото за мирис и неговите влијанија врз амбиентот во хотелите и казината
Замислете го следново сценарио: влегувате во лобито на хотелот и неописливо се чувствувате малку помирно, малку повеќе како дома. Ако хотелот во кој одите е мултинационален конгломерат, можеби ќе почнете да го поврзувате тоа сетило за мирис со хотелскиот бренд, што ќе ве натера да се чувствувате поудобно секој пат кога ќе влезете во лоби.
Со децении, хотелите и казината намерно ги намиирисуваат своите објекти со цел да предизвикаат позитивни чувства и да создадат мириси кои се дизајнирани да комуницираат со вашиот мозок и да ве охрабрат да имате повеќе позитивни асоцијации со нивниот бренд.
Вашиот нос е исклучително моќен орган. Како резултат на начинот на кој функционира нашиот мозок, вашата способност да мирисате се обработува директно од мозокот без никаква свесна мисла или анализа. Ова е причината зошто вашиот нос и сетилото за мирис се способни да предизвикаат спомени и чувства.
Вашето сетило за мирис за мирис и неговата способност да предизвикува моќни чувства и емоции, не остана незабележана од продавачите. Достапните истражувања покажуваат дека вашиот нос може да има моќен, влијателен ефект врз однесувањето на потрошувачите, охрабрувајќи ги клиентите да купуваат повеќе производи, да имаат подобар впечаток за брендот и да останат подолго на физичката локација.
Сепак, постојат две индустрии кои се особено погодени од идејата за амбиенталните мириси: хотелите и казината. И двете индустрии имаат направено обемна анализа при создавањето и дифузијата на препознатливи мириси кои се поврзуваат со нивниот бренд за да предизвикаат одредени емоции кај нивните клиенти. Навистина, целата идеја зад мирисниот маркетинг практично започна во хотелите и казината, кои први ја искористија за да прикријат помалку од пријатни мириси.
Маркетингот со мирис може да биде многу моќна алатка. Еве подетален поглед на тоа како хотелите и казината го користат и што може да направи вашиот бизнис за да ја искористи науката зад мирисите.
Професионалните мириси во хотелите
Замирисувањето на хотелското лоби стана многу важен дел од работата за сите хотели. Вистинскиот професионален мирис може да биде критичен дел од целокупното брендирање, и поради тоа создавањето на позитивна асоцијација со мирисот на хотелското лоби стана уште поважно.
Хотелите се стремат да создадат позитивен амбиентален мирис од многу причини. Со децении, хотелите создаваат специфични мириси со цел да го истакнат својот бренд, што ги наведува клиентите да го поврзат тој мирис со позитивните емоции што се надеваме дека хотелот ги предизвикува. Навистина, мирисите честопати се исти низ целиот хотелски бренд, што доведува до тоа некој да ги почувствува истите емоции кога влегува во хотелот во кој било дел од светот. Во оваа смисла, мирисите можат да бидат исто толку важни за брендот како и нивното лого или шема на бои.
Мирисите во хотелите обично се наменети да предизвикаат специфични емоции: мир, удобност и дом. Ова, се разбира, е тип на чувство што веројатно сака да го создаде хотелот кога некој ќе влезе во нивниот објект. Бидејќи мирисите се ефикасни во генерирањето емоции поврзани со овие мириси, хотелите инвестираат се повеќе и повеќе време во создавањето на вистинскиот мирис кој може да ги наведе купувачите да имаат повеќе позитивни чувства за нивниот бренд, а со тоа и да останат со нив подолго.
Амбиенталниот мирис во казината
Амбиентот во казиното, како мирисот на хотелското лоби, се создава со употреба на масла кои се мешаат и се ослободуваат во воздушните канали на казиното. Оттаму, мирисот се шири низ подот на казиното, каде што е суптилно откриен од патронот. Ваквите системи постојат од раните 1990-ти.
Создавањето добар мирис во казино може да биде тешко, но со соодветно водство, тоа може да се постигне. Казината често ги земаат своите знаци од одредена локација: мирисите во казиното веројатно ќе бидат пријатни потсетници за локалната клима, што ќе направи некој да се чувствува помирен и како дома.
Истражувањето за мирисите во казината покажа како тие можат да ги поттикнат клиентите да останат подолго и да трошат повеќе пари. На пример, во едно значајно истражување од 1992 година, психијатарот и невролог д-р Алан Хирш открил дека коцкарите трошат 45% повеќе пари кога казиното намерно е исполнето со добра арома. Шпекулирајќи за можните причини, д-р Хирш претпоставил дека тоа се случува затоа што пријатните мириси предизвикуваат чувства кај клиентите кои ги прават порелаксирани и подготвени да потрошат повеќе пари.
Поновите студии дојдоа до слични заклучоци. Студија од 2010 година покажа дека подобрите мириси водат до повеќе пари потрошени на апаратите во казината.
Дополнителните испитувања открија дека казината намерно ќе создадат уникатен мирис, мирис кои поверојатно ќе предизвика корисниците да го поврзат со тоа казино. Ако се направи правилно, ќе предизвика пријатни, позитивни сензации и тие сензации ќе бидат поврзани со мирисот на казиното. Општо земено, има широк спектар на пријатни мириси што казиното може да ги користи за да го подобри својот бренд и да ги направи клиентите да се чувствуваат поудобно.
Мирисниот маркетинг може да биде важен дел од целокупната психологија што оди во распоредот на казино. Казината се добро познати по тоа што имаат силни светла, без часовници и прозорци, со идејата дека сите овие фактори прават некој да остане, да се коцка и на крајот да потроши повеќе пари. Создавањето на вистинскиот амбиент за казино е важен дел од целокупниот маркетинг за казината.
Контактирајте со нас и ајде да го создадеме вистинскиот мирис кој го истакнува вашиот бренд.