Како мирисниот маркетинг може да го промени вашиот бизнис

Луѓето начесто пазаруваат со нивните сетила. Тие го гледаат пакувањето и продуктот. Доколу производот е наменет да биде мек, како на пример ќебе, тие го користат своето сетило за допир. Сетилото за мирис исто така има огромна улога во начинот на кој клиентот пазарува. Замислете си како влегувате во мала продавница која продава козметика и не мириса на парфем. Верувале или не, ова е маркетинг стратегија. И таа не функционира само за места кои продаваат парфеми или колонска вода.

Како функционира мирисниот маркетинг

Замислете како влегувате во пекара. Иако пецивата не се печат само поради мирисниот маркетинг, мирисот на свежо печени колачиња и леб ги интригира луѓето да сакаат да купат. Агентите за недвижности користат мирис кога претставуваат дом. Ова се само некои примери. Има причина зошто ова работи.

Позитивниот мирис ги стимулира сетилата на една личност. Кога мирисот е пријатен, тој помага да се создаде целокупно позитивно искуство за потрошувачот. Доколку потрошувачот прв пат го посетува вашиот локал, мирисот ќе има силно влијание врз чувствата на клиентот кон вашиот бизнис. Откако потрошувачот ќе стане редовен, тој автоматски го очекува тој мирис кога ќе помине низ вашата врата. Со текот на времето, тој мирис може да стане симбол кој го поврзуваат со вашата компанија. Целта на мирисниот маркетинг е да го зајакне искуството на потрошувачот, што може да доведе до поттикнување на продажбата.

Една компанија можеби ќе сака да создаде амбиент или тема со мирисите кои ги користи. На пример, дали некогаш сте поминале покрај кафуле и сте почувствувале арома на зрна на кафе, јавор или друг пријатен мирис? Или пак покрај бања? Дали сте забележале мирис на есенцијални масла, како лаванда или нане? Овие мириси се познати по тоа што смируваат.

Некои компании можеби користат дифузери за распространување на мирис. Дифузерите создаваат блага арома во воздухот, која предизвикува чувство на смиреност и среќа кај клиентите. Овие мириси може да бидат мириси на ванила или лаванда.

Еден бизнис може да користи специфичен мирис во различни делови од неговата проданица. Ова му овозможува на секој клиент што ќе влезе да го помириса и да направи врска помеѓу мирисот и бизнисот.

Ефектот на мирисот врз мозокот

Главниот концепт на мирисниот маркетинг се однесува на тоа како мозокот ги препознава и чувствува дразбите. Кога се вклучени повеќе сетила, клиентот полесно создава и ја задржува меморијата за одредена локација. Мирисањето на тој мирис надвор од бизнисот или при поминување покрај бизнисот подоцна ќе предизвика лицето повторно да се сети на таа меморија.

Стимулирањето на едно или повеќе сетила му помага на бизнисот да се поврзе на емоционално ниво со клиентите. А ова е особено случај со мирисот. Лимбичкиот систем на левата страна од вашиот мозок го обработува мирисот. Тој е одговорен за контролирање на емоциите и обработка на мирисот. Ова значи дека постои директна врска помеѓу емотивната врска и мирисот. Интересно е што мирисот е најсилното од вашите сетила и има најголема врска со меморијата.

Придобивки

Можете да ја зголемите продажбата кога воспоставувате емотивна врска со клиентите, како што правите со маркетингот со мириси. Мирисот може дури и да ја зголеми подготвеноста на лицето да плати повеќе за бренд. Кога просторот има мирис, клиентите го поврзуваат со повисок квалитет. Може да забележите и дека луѓето остануваат подолго во вашата продавница кога има пријатен мирис.

Користете го маркетингот за мириси за да го зголемите расположението на клиентите. И запомнете, среќниот клиент е поверојатно да потроши пари во вашата продавница.

Мирисот на вашата продавница станува дел од суштината на вашиот бизнис. Станува витален аспект на препознавањето на брендот и ги додава првите впечатоци на клиентите за вас

Докази

Пријатната арома може потенцијално да ја зголеми сумата која клиентите ја плаќаат за 20%, како што е забележано во студијата објавена од Државниот универзитет во Вашингтон.

In one study published in the International Journal of Marketing Studies, Во една студија објавена во International Journal of Marketing Studies, амбиенталниот мирис во продавницата на Nike ја подобрила пријатноста на пазарувањето како и целокупната перцепција за продавницата.

Истражувањето на пазарот извршено од Samsung покажа дека потрошувачот го потценува времето на прелистување за 26% кога е изложен на пријатна арома. Овие лица посетувале три пати повеќе делови од продавницата во однос на оние кои не биле изложени на привлечен мирис.

ScentlinqPro ја разбира силната врска помеѓу мирисот и маркетингот. Ние сме експерти и можеме да помогнеме да се создаде мирис за вашиот бизнис што ќе ја зголеми продажбата и ќе го направи купувањето со вас подобро искуство во целост.

Цитати:

https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/33329267/

https://www.scientificamerican.com/article/do-scents-affect-peoples/